КАТАСТРОФАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ОБСЕ/ОДИХР: Заплашување на гласачите пред референдумот и инволвираност на странски актери – што содржи првичниот извештај пред референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првичниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР дава мрачна слика за тоа што ги чека граѓаните на референдумот за промена на името кој ќе се одржи на 30-ти септември. Од ОБСЕ ја нотираат можност за вршење притсок и заплашување гласачи и можност за инволвирање на странски актери кои би го поткопале референдумскиот процес.

-Неколку засегнати страни го забележаа недостатокот на експлицитни одредби со кои се регулира вклученоста на странските актери во кампањата и се забележува нивното можно вмешување да го поткопа референдумскиот процес. Сите соговорници забележаа дека кампањата се очекува да се води одвоено во етничките заедници. Некои од соговорниците напоменаа дека ова може да вклучува заплашување и притисок врз гласачите на етничките Албанци, кои се очекува да сочинуваат значителен дел од гласачите, пишува во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

Во извештајот се говори и за проблематичното референдумско прашање кое е нејасно и сложено по природа.

-Некои од соговорниците изразија загриженост во врска со недостатокот на јасност и сложената природа на прашањето. Додека некои засегнати страни го забележаа недостатокот на експлицитна референца во врска со промената на името на државата, други ја истакнаа важноста за означување на влијанието на референдумот за интеграција во ЕУ и НАТО, се вели во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This