КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА: Родилката во приватната клиника починала поради погрешна интубација, Филипче го заташкува случајот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесет и едногодишната родилка Дебора Џамбази починала при грешно поставање на тубусот при што оштетен е хранопроводот, пренесува Телма. Ова укажува дека наместо во дишните патишта цевката за анестезија била ставена во погрешен орган. Ова се резултати од обдукцискиот наод за кои брифираат од истрагата која се води за починатата родилка во приватна болница при породување со царски рез пред повеќе од еден месец.

За жената која е познат стоматолог од Кичево првично се тврдеше дека настанала жестока алергиска реакција од анестезијата, но според неофицијалните информации од истрагата причината не е алергија.

Извештајот од обдукцијата уште минатата недела е предаден во обвинителството каде што веќе е отворен предмет. Но, од таму се уште не сакаат да коментираат бидејќи предметот се уште е во истрага. За можните причини за смртта веќе зборува и во лекарските кругови, но и од таму никој не сака официјално да ја потврди информацијата.

Мајка почина на породување, во приватна клиника, и тоа во интервенција која ја вршел лекар од државното здравство. Наместо кривична одговорност за докторот, но и за министерот, гледаме покривање на грешките помеѓу солидарните доктори. Филипче, го „казни“ анестезиологот со бркање од работа докторот кој веќе работи во приватната клиника.

Образложението секако е банално. Причината за бркањето од работа на анестезиологот не е неговата грешка која резултираше со смрт кај родилката, туку тоа што Клиниката немала склучено договор за размена на доктори со приватната болница. Значи, административни пропусти, наместо одговорност за загубениот живот. Ако постоеше таков договор, немаше да одговара ниту докторот.

Впрочем, кој доктор би сведочел и би казнил друг за лекарска грешка? Никој и никогаш, а тоа се потврди и во овој случај. Не беше пронајдена лекарска грешка. Тоа што министерот и самиот е доктор само дополнително придонесува за заташкување на стиуацијата.

Треба да се има во предвид и реакцијата на т.н. невладини организации кои селективно се однесуваат на неправдата нанесена врз граѓаните. Селективно, или диригирано. Како сакате. Имено, ако ова се случеше во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ досега „шарените“ на чело со Милчин, Фрчкоски, Ордановски, Богоевски, Туфегџиќ и останатите ќе бараа оставки од министерот и затвор за докторот. Но бидејќи нивниот диригент сега е власт, ништо од барањето за правдини. Сега се е ок.

Колку за инфомрација, уште првио ден по отказот, докторот веќе работи во приватна клиника каде зема најмалку четири пати поголема плата од државната. Бебето ќе расте без мајка, а СДС ќе продолжи да носи живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This