„Катимерини“: На повидок нов судир поради Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Атина – Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, на повидок се нови конфликти во грчката влада, пишува грчкиот весник Катимерини.

Оваа теорија се појави по предупредувањата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да толерира несогласувања во врска со прашања од национален интерес и по гласањето за почеток на процедура за уставни реформи во македонскиот Парламент.

Ципрас му честиташе на својот македонски колега, Зоран Заев, за, како што рече, постигнување важен чекор во заедничкиот успех и прифаќање на предлог на Владата за измени на Уставот, според кои, името на државата се преименува во Република Северна Македонија.

Потоа на Твитер се огласи и коалициски партнер на Ципрас во Владата, министерот за одбрана на конзервативната партија Независни Грци Панос Каменос, кој напиша:

„Кој би помислил дека во европскиот систем на вредности и демократијата, оние кои не гласаат по наредба ќе бидат уапсени, а послушните за гласањето добијат бонус во висина од два милиони евра „валкани пари”. Се срамам“.

Со овој твит Каменос само ги потврди сомневањата дека некои од пратениците на македонската опозиција добиле пари за да го променат ставот за владината иницијатива за уставни измени, за што се шпекулираше во македонските медиуми.

„Катимерини” и забележува дека Ципрас пораката ја напишал на англиски јазик, а Каменос на грчки јазик.

Со оглед на тоа дека интернет комуникацијата нема јазични бариери, весникот наведува дека оваа порака на грчкиот министер пристигна брзо до портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски, кој го обвини Каменос дека „шири лажни и непроверени информации”.

Според “Катимерини”, Ципрас би требало да сфати дека поделбите во домашната политика се неизбежна и дека тие се одразуваат на стратешките национални интереси на земјата.

Весникот, исто така, наведува дека Ципрас треба да разбере и да влијае на изјавите на Каменос кои можат да влијаат на домашната политичка сцена.

Неговото обвинение за поткуп на македонски пратеници поради негативните политички интереси е тема во која грчката јавност брзо ќе се пронајде, а во грчките кафеани ќе се прашуваат: „Колку наши пратеници ќе гласаат за договорот од Преспа”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This