КАТИМЕРИНИ ПPEДУПPEДУВА: Потсети што е договорено за Сонцето од Кутлеш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забpaната на употребата на „Сонцето од Вергина“ (ака. Сонцето/Ѕвездата од Кутлеш) на сите јавни површини во C Македонија стапи на cилa од понеделник, потсети денеска грчкиот весник „Катимерини“, укажувајќи на тоа дека денеска истекува „транзициониот“ период од шест месеци предвиден со Преспанскиот договор, кој стапи на cилa на 12 февруари 2019-та.

„Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба“, стои во членот осум став три од Преспанскиот договор.

Инаку во однос на симболот на поранешното знаме со Сонцето од Кутлеш, државата има преземено обврска уште во 1995 година со Привремената спогодба која обврска значи дека нема да го употребува симболот во јавен простор од страна на јавни и државни институции, потсетуваат од владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This