КАТИЦА БИЛА ИНСТИТУЦИЈА, ДЕЛ ОД КВАНТНИОТ СКОК НА ЗАЕВ: Тимот на СЈО бил трошка надеж за враќање на правната држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До крајот на оваа недела веќе ќе има конкретни писмени материјали околу некои предлози. Верувам дека е можно навремено да го донесеме Законот за јавно oбвинитeлcтвo, каде е инкорпорирано СЈО како создаден капацитет, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА по средбите во Брисел. Тој додава дека тоа јавно oбвинитeлcтвo веќе, како што е поставено и во новиот закон, ќе ја гoни сегашната власт и е капацитет кон кој ќе тежнеат и другите обвинитeлcтва, и материјален и финансиски и со опрема.

–Јас сум флексибилен човек кој знае дека двете страни треба да имаат разбирање една за друга, но тоа да не биде на штeтa на државата, на институциите на системот. Подготвен сум да разговарам со опозицијата за секое аргументирано прашање. Драго ми е што почнаа разговорите. Да дадеме шанса на еден ваков закон, и сите сме тука во државата со доверба кон институциите, да продолжиме да ги градиме реформите, изјави Заев.

Во однос на тоа дали е подготвен да ја смени Катица Јанева, премиерот е дециден дека таа и нејзиниот тим биле трошка надеж за враќање на правната држава и не планира да ја смени.

– Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на oбвинитeли, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети. Јас ги слушам и критиките од опозицијата, и не дека немам разбирање за нив, но предностите на вака создадена институција, со овие луѓе е навистина голема предност за Македонија.

Запрашан како ќе гарантира кристално чисти претседатесли избори, какви што бара меѓународната заедница, Заев вели дека транспарентноста е сериозна алатка на оваа влада во последните 21 месец.

– Тоа е голема предност на оваа влада, преку транспарентноста се гарантираат сите процеси, вклучително и овој. Со шефот на опозицијата, господинот Мицкоски, имавме квалитетен разговор на таа тема и верувам дека сите прашања, за кои што тие имаат размислувања ги затворивме и оставивме отворена врата меѓу шефовите на штабовите на двата кандидати да бидат во постојана комуникација, тоа се исто двајца наши генерални секретари. Сите со будно око еден друг да се штитат, затоа што преку тоа ќе си ја заштитиме државата. Тој верува дека ќе победи на овие избори, јас верувам дека ќе победам на овие избори. Двајцата имаме силна мотивација прво да ги обезбедиме тие наши проектирани победи да бидат кристално чисти. На крајот, ако не за друга, заради државата. Јас верувам дека како демократи луѓе, пред сѐ како прво одговорен носител во извршната власт ќе ги обезбедам сите неопходни услови опозицијата да се чувствува комфорно, да има фер натпревар, тоа е суштината на обезбедување фер и демократски услови за избори, вели премиерот во интервјуто.

Коментирајќи ги негативните сигнали во однос на отворањето преговорите со ЕУ од некои западноевропски земји, премиерот вели дека стратегијата што ја има власта е многу јасна и очигледна, а тоа е да не остават ниту минимум аргументи на било која земја да биде резервирана за проширувањето на ЕУ.

– Ние мислиме прво дека ќе успееме со сите реформи до самиот крај, резултатите и имплементацијата веќе се видливи во државата. Важно е да бидат кристално чисти претседателските избори, тоа е прв приоритет за мојата влада, за мојата политичка партија, верувам за сите во нашата земја. Така што, без аргументи, после вакви сериозни политички одлуки што се донесоа, за конечно после 14 години да отвориме поглавја, да почнеме преговори со ЕУ, подготвени дури и името на државата да го смениме, верувам дека ниту една земја не може да остане рамнодушна без да донесе позитивна одлука, изјави Заев.

Тој вели дека не сака ни да размислува за ризикот Македонија да се врати назад во однос на демократските и европските процеси доколку не добиеме преговори во јуни.

– Но едно знам, pизиk нема. Македонија е стабилна, сигурна, Македонија е идна членка на НАТО, Македонија е добар пример, не само за регионот, туку и за ЕУ и верувам дека би било нecпособност од наша страна ако дозволиме државата да ни се врати повторно на минатото. Ние имаме квантен скок, треба да го искористиме и да продолжиме во тој правец, без разлика кој ќе биде на чело на владата, кој ќе има мнозинство во парламентот, затоа што тоа е нашата земја, друга земја, друг народ, немаме и верувам дека сите ќе одработиме, сите со своите одговорности, но истовремено тие одговорности се уште пообезбедени ако водиме грижа еден за друг, за иднината на државата, истакна Заев во интервјуто за МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This