КАТИЦА ВЛЕЗЕНА ВО ТЕШКИ ФИЛМОВИ: Упаднала во МВР како каубоец директно кај секретарот на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо правна постапка согласно законот, Катица Јанева уште еднаш се обиде да направи медиумски циркус, овој пат во Министерството за внатрешни работи. Како што дознаваа Press24 од свои извори во МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) воопшто не правела никакви опструкции, туку станува збор за уште една во серијата постапки на Јанева во кои тргнала за да ги наполни страниците на медиумите на опозицијата.

-Press24 дознава дека Јанева уште претпладнево во 11 часот дошла во МВР. Како и што се очекуваше, таа влегла во канцеларијата на Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, кој привремено е технички министер во МВР. Нашиот извор вели дека во соработка со Спасовски, Јанева сакала без комплетирана документација да влезе во УБК и да ги добие материјалите од судските наредби за следење на комуникациите, пишува порталот.

Искусни оперативци на МВР за Press24 велат дека се зачудени што Катица Јанева ги бара наредбите од УБК, наместо тоа да го направи директно во судот, бидејќи токму оваа институција и ги издала.

Одговорот стигна неколку часа подоцна. Целта, според она што можеше да се види беше очигледната желба на Катица Јанева да изрежира уште едно холивудско „трилер“ сценарио, што немаше да биде толку интересно, доколку поднесеше барање и сите документи ги добиеше од судот. Упатени извори велат дека целта воопшто не била да се добие документација од УБК, туку едноставно, Катица Јанева да ја има на телевизија и по порталите на СОРОС.

Затоа, доцна попладнево, СЈО телефонски ги контактирало редакциите кои се под директна уредувачка контрола на СДСМ. Така, пред 18 часот, пред МВР беа нацртани сите медиуми кои се уредувани на Бихаќка и речи си без исклучок сите оние кои ги финансира СОРОС. Останатите медиуми, воопшто не знаеја дека Катица Јанева таму ќе дава изјави.
Јанева во договор со Спасовски се обидела да ги заобиколи прописите и формирале некаква незаконска комисија која требало да влезе во системот на УБК.

Наместо полициски службеници овластени да постапуваат во нареди, во комисијата Јанева и Спасовски поставиле нестручни партиски послушници кои воопшто немале никакви овластувања.  Откако дел од искусните полициски службеници на недоволно упатената Катица Јанева и објасниле дека нестручното навлегување во системот може да има сериозни репрекусии, таа немала друг избор па морала да ги послуша советите и да повика лице кое добавувачот на опремата го има овластено и кое може да гарантира дека таа нема да биде оштетена.

-На крајот, нашиот извор вели дека Катица Јанева добила се што побарала, но откако и станало јасно дека нема ништо незаконско, продолжила да креира циркус како би ја покрила нестручноста и основните непознавања во постапување, велат извори на Press24 од МВР.

Со став на социјалните мрежи се јави и дополнителниот заменик министер Оливер Андонов. Според него, Катица Јанева креира лаги за да направи привид дека нешто работи

И додека Катица Јанева се обидува да направи медиумски циркус граѓаните веќе неколку месеци чекаа одговор на клучното прашање, како таа ги троши нивните пари и дали се точни сомневањата кои ги објавија некои медиуми дека со пари од буџетот СЈО ги финансира политичките активности на една партија

enjrfs

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати потенцираа дека во периодот до изборите е треба да бидат изненадување вакви филмски сценарија на СЈО и СДСМ. Според нив, колку што ќе биде поголем стравот во опозициските редови толкупочесто ќе ги гледаме овие филмови.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This