March 28, 2024, 12:46 pm

КАТИЦА ГО ВРАБОТИЛА ВНУКОТ ЗА ДА ГО ЗАЈАКНЕ КАПАЦИТЕТОТ НА СЈО: Роднини, пријатели и партиски поддржувачи дел од СЈО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија го потцени македонскиот народ и фелата од каде доаѓа и самата. Таа призна дека во СЈО постојат роднински врски што е вистински срам. Според Јанева, јакнењето на капацитетите на СЈО подразбира вработување на нејзини роднини како дел од тимот.

katica-janeva-top-tema-640x369

-Да, бидејќи сите се свесни дека е на определено време. Има роднински врски во нашето обвинителство со компетентни кадри, е одговорот на Катица Јанева на прашањето „Дали јакнењето на капацитети на СЈО подразбира и вработување на ваши роднини?“ за време на нејзиното гостување во емисијата Топ Тема.

На прашањето нели тоа е непотизам, против кој таа треба да се бори, Јанева со одговор:

-Каков непотизам е тоа што некои помошни работи врши, а јас сум јавен обвинител. Да, го вработив мојот внук да работи како економски приправник, гордо потврди Јанева.

Специјалната обвиителка вечера иако рече дека висината на нејзината плата не е тајна, одби да каже колку пари од граѓаните месечно зема.

-Не е тајна, има податоци преку слободен пристап за информации. Јас не сум таа што треба да одговара на тие прашања. Не, не сакам да кажам, децидна беше Јанева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This