КАТИЦА ЗНАЕ ДЕКА НИШТО НЕ ЗНАЕ:  Заев еден ден го нема – следниот го има во прислушуваните разговори?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу луѓе останаа разочарани од СЈО. Јас не ве гласав бидејќи не можам да замислам во 21 век, во една модерна Македонија, некој што работел само на бракоразводни парници, да може да се зафати со истражување на организиран криминал. Вие докажавте дека тоа ви е нивото, тука треба граѓаните да ги ограничат своите очекувања од вас.

katica-janeva-so-vodicka-2

Иако на првиот ден од расправата специјалната обвинителка уверуваше дека на прислушкуваните разговори го нема Зоран Заев, вчера ја промени изјавата.

“Во тие 12% кои ги преслушавме, реков дека Зоран Заев не е преслушан за некои тендери и слично, не значи тоа дека не се слуша во некој дел, во тие 12% има повеќе луѓе. “- рече Јанева.
-Снимките се анализираат и за тоа кој и како прислушувал во периодот од 2008 до 2015 година ќе имате можност да дознаете кога и ние ќе ги завршиме сите дејствија кои сме ги преземале. Во овој момент се вршат анализи на снимките, одговори Јанева на прашање на пратеникот Димитар Стевананџија.

На какви дела работевте во судот во Гевгелија, дали работевте на дела за злосторничко здружување, за изборни измами, за дела за кои се суди над 5 години затвор, и зошто е поголема штетата што на Македонија и ја нанел Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, од штетата што и ја направил ексразузнавачот Зоран Верушевски, праша пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Расправата за работата на Специјалното јавно обвинителство продолжи и вчера. На седницата присустна беше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но и Марко Зврлевски, прв човек на Јавното обвинителство, чиј извештај е исто така на дневен ред на седницата.
Македонија пропуштила да направи едно професионално и функционално специјално јавно обвинителство во ситуација на еден девастиран правосуден систем, истакна независната пратеничка Солза Грчева. Според неа, Јанева на седницата покажала непознавање на правниот и политичкиот систем, но и на демократијата, навредувајќи ја со својот коментар нејзината колешка Роза Топузова Каревска.

– Што се смени од пред шест месеци, па вие дојдовте да го браните Извештајот во Собранието? Се смени тоа што опозицијата го потпиша потполно истиот избирачки список и потврди дека сите изборни циклуси биле легитимни. Сите разговори од “бомбите” во врска со избори се однесуваат на изборите во 2013 година, рече Грчева. Пратеничката потенцира дека Јанева требала уште од својот избор да знае дека 18 месеци се премалку време за докажување на такви тешки кривични дела.

Во продолжение Грчева се осврна и на неспособноста на Јанева да одговара на прашања од пратениците, а притоа без да чека напишани одговори по телефон и суфлирање од пратениците од СДСМ кои седеа позади неа. Дополнително, таа ја запраша Јанева и за тоа како му одговори на Рафиз Алити кој своето прашање го постави на албански јазик, а истовремено Јанева немаше слушалки за превод.
“Видовме вчера дека не сте способна на ниедно прашање веднаш да одговорите. Чекавте по телефон некој да ви ги испрати одговорите, а суфлерите позади вас веќе беа снимени од камерите. Вие кога зборуваше Рафиз Алити не ги имавте ставено ни слушалките. Дали можеби разбирате албански? Како потоа му одговоривте?#, истакна Грчева.
На крајот, Грчева и посочи на Јанева дека таа не е ништо повеќе од едно големо разочарување и дека нејзиниот капацитет не е доволен за справување со организиран криминал.
“Жалам што многу луѓе останаа разочарани од СЈО. Јас не ве гласав бидејќи не можам да замислам во 21 век, во една модерна Македонија, некој што работел само на бракоразводни парници, може да се зафати со истражување на организиран криминал. Вие докажавте дека тоа ви е нивото, тука треба граѓаните да ги ограничат своите очекувања од вас#е —————————————-, заврши Солза Грчева.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова на првиот ден од расправата ја праша специјалната обвинителка зошто од нелегитимни пратеници бара да и го продолжат мандатот и што се смени во меѓувреме во овие шест месеци кога требаше да го брани првиот извештај, а таа не дојде во Парламентот, изјавувајќи дека тој е нелегитимен.
Јанева, практично, го повтори ставот кој првпат беше искажан во јавноста во март годинава кога предизвика многубројни реакции во јавноста. Тогаш таа изјави дека поради изборните нерегуларности во земјава, Уставниот суд, претседателот и пратениците во Собранието се нелегитимни избрани претставници на институциите и треба да ги почитуваат специјалното обвинителство и нивната истрага за да се дозволи да се утврди вистината.

– Кои граѓани она ги застапува? Кои граѓани ги застапува Роза Топузова? Беше она на пратеничка листа како што знам, потоа независна – дојде до израз Катица Јанева обраќајки и се на пратеничката Роза Топузова-Каревска.

По ова, следуваше жестока и емотивна реакција од пратеничката Роза Топузова Каревска каде што таа констатираше дека ова однесување на Катица Јанева е срамно и го допрела дното.
– Претседателе, немам зошто да одговорам на вакво прашање. Ова значи дека имало и од дното подолу, одговори пратеничката.
Катица Јанева дојде во Собрание и од сите места во салата, одбра да седне пред СДСМ. Дојде да го образложи извештајот за работата на СЈО, но веќе два дена успева да направи циркус кој нема врска со нејзината законска обврска. Се координира со СДСМ што да зборува и кога, а пратениците на СДСМ со процедурални забелешки се обидуваат да ја заштитат на секој можен начин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This