КАТИЦА И ЗАЕВ УДАРНИ ИГЛИ НА ОБОЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА: Странците сеуште не можат да го реализираат сценариото!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако истражувањето на феноменот на таканаречените обоени револуции исклучитeлно напредуваше во последните седумнаесет години, постојано се појавуваат нови случаи кои даваат материјал за некои нови истражувачки продори. Македонскиот случај донесе целосно нови сегменти и занимливо – три години од почетокот, странците се уште не го реализирале започнатото.

misa
Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Македонија многу придонесоа во теоријата и праксата за заштита од такви револуции. Да речеме, правењето на контра-митинг, далеку поброен од митингот на опизицијата е доста важен стратешки потег кој минатата година го делегитимираше обидите на опозицијата да глумат демократско народно движење.

Случувањата во Македонија доста внимателно денеска ги следат службите и безбедносните системи не само од држави кои таму имаат директни интереси, туку и многу држави кои се потенцијални жртви на следни подривања од страна на таканаречената американска Длабока држава и безбедносни структури.

Еден од занимливите нови елементи претставува наметнувањето на таканаречено Специјално јавно обвинителство.

Не е тајна дека Американците и Британците имаат извонредно развиен систем за користење на разни специјални судови и обвинителства секогаш кога имаат можност. Хашкиот трибунал за поранешна Југославија е најпознат доказ. Освен тоа, на окупираните и полуокупирани земји им се наметнуваат различни „независни“ судски и обвинителски инстанци кои имаат функција за наметнување на нивна нарација и закани со разни субјекти.

Случајот со Специјалното македонско јавно обвинителство (СЈО) на чие чело се наоѓа Катица Јанева, претставува сосема нов пример на инструментализација на домашни правосудни институции во процесот на рушење на домашните власти.

Да се потсетиме, ова обвинителство настана како дел од т.н. Пржински договор во кој сите политички актери под притисок на Американците и други западни фактори се сложија да формираат едно такво, наводно независно обвинителство со фактички неограничен буџет. Груевски се согласи на тоа знаејќи дека Јанева е директен кадар на американската администрација, бидејќи сметаше дека со стварни механизми ќе може да ја ограничи и успее да ја контролира потнцијалната штета.

Меѓутоа, Јанева од самиот почеток на својата работа, институцијата ја стави во функција на реализација на целите на нешто порано започнатата обоена револуција. Тоа што Заев и соработниците го правеа на улица и преку т.н „бомби“ (материјали кои по сопствено признание ги добил од служби на странски држави) Јанева го следеше под крилата на наводно независната обвинителска институција.

Меѓутоа, сите актери знаеја дека се работи за личности кои се на постојана директна врска со американската Амбасада во Скопје и останатите странски фактори. Во текот на преговорите, странците работата на обвинителството ја користеа како еден од елементите со кои вршеа притисок врз Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Оној кој ќе ја погледне биографијата на Катица Јанева ќе види дека таа доста долго и внимателно е подготвувана за работата која ја одработува за интересите на странските фактори.

Во текот на 2013-та и 2014-та година била на стипендија за „усовршување“ во САД и добила некаков проект од американската амбасада. Исто така, занимливо е што новинари ја „ископаа“ и нејзината членска книшка во СДСМ. Како кризата се усложнуваше и изборите се наближуваа, така растеше и улогата на Јанева и нејзиното обвинителство.

Таа го ослободи Верушевски од обвинението, додека постојано во јавноста мафташе со можноста да покрене обвиненија против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. После изборите, кога почна процесот на договарање на нова влада, таа директно се стави во служба на американско- албанскиот план за соборување на Груевски.

Почнаа да се покренуваат обвиненија против сопственици ули уредници на домашни медиуми, како што се Сеад Кочан од НОВА, Драган Павловиќ- Латас од Сител и Ивона Талевска од Вечер. Обвинителството, исто така, за време кога траеше медиумската војна измеѓу припадници од двата блока директно зафати страна, заканувајќи се и заплашувајќи новинари кои се против Заев.

Пред некој ден Јанева отиде и чекор подалеку. Во интервју за германското државно радио Дојче веле, настапи со директен политички став против Никола Груевски, тврдејќи дека тој е одговорен за лажирање на избори и за „пад на моралните вредности во Македонија“.

Ова скандалозно однесување на обвинителката поддржано од страна на западните фактори, кои повторно покажаа дека не ги интересира владеењето на правото или пак било што, што би можело да се смета за „европски вредности“, туку исклучиво бескруполозна реализација на своите геополитички цели и загрозување на слободата и суверенитетот на малите и независни анроди.

И овој потег беше пресметан.

На Јанева и нејзината институција во која доминира Албанката Фатиме Фетаи, во јуни и’ истекува мандатот. Од ВМРО-ДПМНЕ разбирливо рекоа дека не им паѓа на памет да го продолжат тој мандат. Оттука и нервозата кај Катица Јанева и нејзините наредбодавци да што порано го наметнат Заев и некаква нова влада која би и го продолжила мандатот на Јанева.

Таа тврди дека имале уште многу работа, иако претходно од работа избрка две обвинителки со образложение дека немале доволно работа. Она што треба да се знае е дека Јанева има плата од 3.000 евра и дека дури и нејзината секретарка има поголеми приходи од државниот обвинител кој работи сериозни предмети.

Разбирливо е дека Јанева е заинтересирана по секоја цена да остана на функцијата која и носи такви приходи. Во меѓувреме, во СЈО вработи и свои роднини и луѓе од СДСМ.

Секако, самиот Заев , кој се потпира на тоа Американците на секој можен начин да го доведат на власт, не води сметка дека истите тие Американци веќе пакуваат досиеја и за него и дека за некоја година, во зависност од тоа колку ќе биде послушен, и самиот ќе заврши така што некоја нова Јанева ќе покрене постапки и ќе извади папки и за него…

Кога за тоа ќе дојде време.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This