КАТИЦА СИ ГО ВРАБОТИЛА И ВНУКОТ: СЈО претворено во дувло на непотизам и центар за рехабилитација на затвореници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева од неодамна во СЈО си го вработи својот внук од сестра Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки.

deli

Непотизамот не е нешто ново за Јанева и нејзиниот тим, особено ако се потсетиме дека во април годинава дневниот весник „Дневник“ објави дека во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски, како и уште неколку лица кои се во директна роднинска врска со обвинителите во СЈО.

За скандалот да биде уште поголем, Јанева на палетен список на СЈО има осудени криминалци и жестоки експоненти на СДСМ. Јанева деновиве повеќепати одбегнуваше да даде одговор на прашањето дали Боки Бургија е вработен во СЈО. Боки Бургија е осудуван за измама и за потешки дела од областа на безбедноста во сообраќајот, што очигледно не е пречка за Јанева, прекршител на законот да седи во институција која согласно закон треба да гони криминал.

boki-640x407

Очигледно знаејќи каква ќе биде реакцијата на јавноста во врска со расипничкото трошење на народните пари од страна на СЈО, кое служи за вдомување на партиските кадри на СДСМ, на денешната пресконференција на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска сепак не успеа да избегне одговор на ова прашање и мораше да одговори на прашањата кои и беа упатени во врска со Боки Бургија од страна на уредникот на iNFOMAX.mk со кого обвинителката Ристоска имаше обид за конфронтација, нервозно и дрско одговарајќи на прашањето.

На прашањето: Дали лицето кое што е вработено е осудено и има одлежено затворска казна, Ристоска одговори:
„Како што ви напоменав, законот предвидува услови кои што се неопходни за едно лице да биде вработено осудуваноста или неосудуваноста не е една од тие услови, туку дали постои забрана тоа лице да врши одредена професија, дејност или должност, за што ние добивме од судот потврда дека таква забрана тоа лице не поседува. “

За Катица Јанева и СЈО очигледно не преставува никаков проблем нивни блиски роднини, дел од нив без високо образование и осудувани криминалци да земаат големи плати и хонорари од СЈО, а притоа да не даваат никаков отчет пред јавноста кога ќе бидат запрашани и да бегаат од одоговори на истите, но јавноста сака одговори како и на кој начин Јанева ги троши нивните пари.

Снимател:
Борислав Стоилковиќ

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This