КАТИЦА ЧЕ СИ ЛЕЖИ: Одала државна тајна, снимајќи ја емисијата “Чарлиевите ангели”?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева со уште еден скандал, кривично дело поради кое овој пат таа може да заврши во затвор. ОЈО ќе мора да спроведе истрага за обвинителка  Катица Јанева како и за нејзините колеги и соработници кои дозволиле на телевизиска емисија да бидат прикажани класифицирани документи означени како “Државна Тајна”.

Овие документи на кои пишува дека се државна тајна се прикажани во емисијата “Чарлиевите ангели”. Доколку се работи за документи кои што не се декласифицирани тогаш Катица Јанева како одговорно лице е во сериозни проблеми и се соочува со кривично гонење.

Документот се појавува во кадар од документарниот филм кој ја прикажува работата на сите обвинители и на целокупниот тим на Специјалното јавно обвинителство.

Класифицираниот документ е во посед на вработени во СЈО кои не и се познати на јавноста но одговорноста е кај Јанева која дозволила снимање во СЈО и не направила авторизација на материјалот во кој има и државни тајни.

-Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на Специјалниот јавен обвинител. Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите”, беше наведено во април лани во соопштение од СЈО во врска со најавите за телевизиско прикажување на документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели.

Дали во случајов има основа за кривичен прогон на Јанева за објавување документи со назнака државна тајна ќе треба да проценат Јавното обвинителство и другите овластени институции за контрола на ваков вид класифицирани документи.

https://twitter.com/Inspiracija9/status/1080959885716668416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1080959885716668416&ref_url=https%3A%2F%2Fexpres.mk%2Fnapravila-li-katica-janeva-krivichno-delo-oddavanje-drzhavna-tajna%2F

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This