April 26, 2024, 11:08 pm

КАТИЦА ЈАНЕВА ПРЕД „ШУТ“ КАРТА: Советот на јавни обвинители ќе одлучува за судбината на Катица по наодите дека е член на партија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петар Аневски изјавува дека Советот ќе одлучи што ќе преземе во врска со информациите и објавените документи за членство на Јанева во СДСМ, иако Катица Јанева на веб-страницата на СЈО го негира членството во партијата на Заев
katica-janeva-izleguva

 

В петок Советот на јавни обвинители на седница со претставници на обвинителствата од различни градови во Македонија, покрај другото, ќе дискутира и за информациите објавени во „Дневник“ и други медиуми, дека специјалната обвинителка Kатица Јанева е член на Социјалдемократскиот сојуз. Ова за „Дневник“ го потврди претседателот на Советот, Петар Аневски, нагласувајќи дека седницата ќе биде во врска со разгледување на годишни извештаи за обвинителствата, но ќе се одвои простор и за дискусија по ова прашање.

– Не можам во овој момент да ви кажам кој е нашиот став како Совет, ќе одлучиме в петок дали ќе реагираме и што ќе преземеме, во секој случај поврзаност со политичка партија е недозволено – рече Аневски.

Според него тоа што Јанева долго не одговара на новинарските прашања во врска со членската книшка од СДСМ и уплатницата за членство во партијата, се коси со нејзините залагања за транспарентност.katica-clenska-sdsm

– Слично како и за платите во специјалното обвинителство. Иако е повикана да објасни колкави се, досега тоа не се случи – вели Аневски.

Откако медиумите повеќепати нагласуваа дека Јанева молчи во врска со информациите за нејзино членство во СДСМ, вчера конечно обвинителката одлучи да се изјасни. Таа тврди дека ништо од објавеното не е точно.

katica-uplatnica-1

– Се работи за невистинити документи. Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ ниту сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија – објави Јанева на официјалната веб-страница на обвинителството.

Таа апелира до медиумите во иднина да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат пред да ги објавуваат. Истовремено нејзиното обвинителство ги повика надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на нејзините лични податоци.

– Воедно апелираме надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува – побараа од СЈО.

Дали Министерството за внатрешни работи ги послуша апелите и презема мерки, вчера до затворањето на весникот не добивме одговор на нашите прашања испратени по електронски пат.

Додека медиумските прашања беа игнорирани од Јанева, по објавувањето на членската книшка се огласи само СДСМ, потенцирајќи дека Јанева ниту била ниту е член на партијата.

Деновиве беше објавена уплатница на Еуростандард банка со име на уплатувач Kатица Јанева, нејзин матичен број, адреса и потпис, со цел на дознака „верификација на членство во СДСМ“.

Според датумот на уплатницата, таа е извршена еден и пол месец пред Јанева да биде избрана за специјален обвинител на 15 септември 2015 година.

Зврлевски: За мене СЈО е неуставно

janeva-zvrlevski-sporedba-intervjua

нема промени, односно Уставниот суд упорно не ја става како точка на дневен ред на своите седници. Вчера јавниот обвинител Марко Зврлевски изјави дека за него ова обвинителство е неуставно посочувајќи ја токму иницијативата.

– За мене формирањето на Специјалното обвинителство е неуставно. Но, така решија четирите политички партии, поради нашата неспособност, според нив, да се справиме со постапките во врска со прислушуваните разговори, да се формира друго обвинителство. Но, да не заборавиме дека има поднесено иницијатива до Уставниот суд против СЈО. Уставниот суд ќе расправа и ќе се изјасни за таа иницијатива – рече вчера Зврлевски.

Извор: Денвник (Искра Kоровешовска)

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This