April 18, 2024, 11:24 pm

КАТИЦА ЈАНЕВА СЕ „КРСТИ“ ВО ДВА CУДА ЗА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ШУТКА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева паралелно се „крсти “ во два суда за да излезе од притвор.

По две нејзини жалби, неделава ќе одлучуваат два суда – и Кривичниот совет и Апелација.

До советот на скопска „Единица“ поднесе жалба откако судијата на претходна постапка не и ја прифати гаранцијата од три стана како „трампа“ за слободата. Но, паралелно се жали и до Апелација, по одлуката на Кривичен од пред десет дена да остане во притвор и следниот месец.

„Жалбите ги поднесовме по различни основи, како што тековно беа донесувани. Очекуваме дека некој од судовите ќе донесе позитивна одлука, бидејќи и двете жалби се надополнети со известувањето дека истрагата е завршена со што отпаѓа уште еден основ дека може да влијае врз сведоци“ – вели во телефонски разговор Дељо Кадиев – адвокат на Јанева.

Во јавноста се поставуваат дилеми, што доколку двата суда донесат различни одлуки?

Правниците кои ги контактиравме објаснуваат дека ќе се почитува одлуката која ќе биде во нејзина корист, односно дека ќе ја напушти Шутка наскоро. Во првиот случај би гарантирала со имотот, а во вториот би се бранела од слобода, без да и бидат „заложени“ трите стана во случај да побегне. Но, постои и можност и на двете места да биде одбиена.

Нејзината одбрана ќе врши увид и следната недела и откако ќе заврши заедно со поранешната специјална обвинителка ќе ја договараат стратегијата за одбрана.

Постои законска можност Јанева да побара спогодба со Обвинителството за да ја договори висината на казната, ако признае вина, со што ќе го избегне судскиот процес. Нејзиниот адвокат не ја отфрли оваа можност, за која вели засега не им е во план.

Спогодување може да предложат и Зоран Милески – Кичеец и Бојан Јованоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This