April 19, 2024, 10:49 pm

КАТИЦА ЈАНЕВА ЧЛЕН НА ВЛАДИН СОВЕТ: Владата го објави списокот на луѓе кои треба да ги следат реформите во судството, меѓу нив и Катица Јанева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На редовната 57-ма седница, Владата на Република Македонија го формираше Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев.

На седницата беше утврден и составот на Советот. Во него ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен Суд, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од Апелационите судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и по еден претставник од Основните судови Скопје 1 и 2.

Членови на овој совет, ќе бидат и Народен правобранител Иџет Мемети, како и Џемали Саити, претседателот на здружението на судии, а свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и Блу Принт групата на граѓански организации за правосудство.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This