КАТО БРУКО ЕДНА: СЈО се избрука со „Трезор“ – бараат мерки по погрешни членови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со вториот предлог на СЈО кој се однесува на правно лице опфатено во предметот „Трезор“, а воедно и за двојните аршини на СЈО како и за нивното двојно постапување кон Основен суд Скопје 1 – Скопје, Кривичниот суд ја информира јавноста дека судија на претходна постапка на 29.09.2016 година го доби предлогот од СЈО со кој обвинителството предлага мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правно лице согласно член 202 ст. 1 и 2 од ЗКП со која мерка се бара забрана за користење и располагање на сите трансакциски сметки на конкретното правно лице која ќе трае се до правосилно завршување на кривичната постапка, со цел да не биде доведена во прашање наплата на имотно правно побарување за надомест на штета.

katica-janeva-sjo

Во продолжение интегрален текст од соопштението на Основен суд Скопје 1

Судијата на претходна постапка, во законски утврдениот рок од 12 часа по добивање на предлогот, односно истиот ден 29.09.2016 година, откако увиде дека предлогот е некомплетен, до СЈО достави барање да се уреди конкретниот предлог на начин што ќе се наведат банките и трансакциските сметки на правното лице, бидејќи обвинителот во барањето изоставило да ги наведе и барањето е општо и неопределено за кои сметки и за кои банки се однесува.

Воедно и од причини што барањето на СЈО гласи да се изрече забрана за користење и располагање со трансакциски сметки по член 202 ст.1 и 2 од ЗКП, како што го предложиле од СЈО, во суштина кога ќе се види законот ваква одредба не постои па од овие причини судијата побарал СЈО да се произнесе дали можеби бара привремено одземање на имот или предмети, бидејќи запирање на извршување на финансиски транскации е определено со членот 200 ст.7 од ЗКП, па судијата побарал од СЈО да се наведат точни.

СЈО на 03.10.2016 година до судијата доставил одговор дека за претходно наведеното не се во можност да достават уреден предлог, но сега се повикуваат по член 200 ст.7 од ЗКП, иако претходниот предлог го поднеле по сосема друг член, од причини што наведуваат дека за барањето за податоци се обратиле до одредена банка од каде се уште не добиле одговор, а кога ќе ги добијат бараните податоци ќе поднесат уреден предлог по точниот член од ЗКП кој им го преточи судијата.

По јавните прозивки на квази експерти и „професионалци“ во нивното „професионално работење“ и гостување по најразлични телевизиски шоуа го претворија правосудниот систем во шоу парада, а истите Основниот суд Скопје 1 – Скопје со своето „длабоко незнаење“ го претставуваат дека има двојни аршини. За двојните аршини на СЈО и квази експертите сама нека процени јавност зошто судот ваквиот предлог и сите предлози доставени од нивна страна дури по три пати ги враќа на нивна корекција како би можел да одлучи.

Во прилог членовите од Законот за кривичната постапка.

Член 200

Постапување со податоци кои се банкарска тајна, имот во банкарски сеф, следење на платен промет и трансакции на сметки и привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции

(7) По образложен предлог на јавниот обвинител, судот со решение може да им наложи на финансиска институција или на правно лице привремено да го запрат извршувањето на одредена финансиска трансакција или работа, а имотот привремено се одзема.

Член 202

Привремено одземање на имот или предмети заради обезбедување

(1) Судот може во кое било време во текот на кри- вичната постапка да донесе, по барање на јавниот об- винител, привремена мерка одземање на имот или предмети кои според Кривичниот законик треба да се одземат, мерка запленување или друга неопходна при- времена мерка за да се спречи користењето, отуѓување- то или располагањето со тој имот или предмети.

(2) Барањето на јавниот обвинител од ставот (1) на овој член содржи:

– краток опис на кривичното дело и неговиот закон- ски назив,

– опис на имотот или предметите што потекнуваат од извршување на кривично дело,

– податоци за лицето што го поседува тој имот или предмети,

– докази на кои се засновува сомневањето дека имотот, односно предметите, потекнуваат од кривичното дело и

– причини за веројатноста дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозмо- жено одземањето на имотот или предметите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This