КАТРАГУЛОС: Грција го задржува правото на вето во било кое време ако Северна не го почитува договорот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкото радио „Сто кокино“, утрово рече дека со Договорот од Преспа почнува нов период на добри, билатерални и пријателски односи меѓу двете земји.

Катругалос објасни дека вчера беше испратена вербалната нота, но и заедничкото писмо од двете земји до Обединетите нации „во кое на генералниот секретар му изјавуваат дека конечно завршија со спорот што траеше речиси 30 години“.

-Како што имаме кажано многупати беше добар Договор со кој, прво почнува нов период на добри, билатерални, пријателски односи меѓу двете земји, но можеби поважно од ова е дека го стабилизира поширокиот регион на Балканот и ни дава вреден политички капитал за да го потрошиме таму каде што треба, на истокот од нашата земја,рече Катругалос.

Говорејќи за позициите на опозициската Нова демократија, алтернативниот шеф на грчката дипломатија рече дека во внатрешноста на партијата постои поделба. Од една страна се оние кои биле поврзани со надворешната политика, „како на пример Бакојани кои знаат дека договорот е добар“, а од друга страна се оние кои се со радикални ставови.

Во однос на најавите на лидерот на грчката опозициска партија, Кирјакос Мицотакис, дека нема да го напушти правото да стави вето на патот на нашата земја кон ЕУ, Катругалос рече дека е „очигледно е дека Грција го задржува правото на вето во било кое време од преговорите, не само за прашањата поврзани со европското законодавство, туку и за прашањата што се однесуваат на спроведувањето на Договорот од Преспа, бидејќи тоа се прашања за добрососедски односи“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This