Катругалос го демантира Заев: Грција не е обврзана да го прифати терминот „македонски јазик“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија може својот јазик да си го нарекува како сака, но Грција не е обврзана да го прифати тој термин според Преспанскиот договор, повтори Јоргос Катругалос, заменик-министерот за надворешни работи на Грција.

Тој пред новинарите рече дека Преспанскиот договор потврдува, како што вели тој, дека ПЈРМ нема право да интервенира во домашните работи во Грција, па според тоа не може да бара од таа земја именување на јазикот.

– Темата на јазикот е опфатена со член 7 од договорот, што му овозможува на ПЈРМ да го нарече својот македонски јазик, но не ја обврзува Грција да го усвои истиот термин. ПЈРМ истовремено прифаќа дека нејзиниот јазик припаѓа на “групата на јужнословенски јазик” и не е поврзана со античката грчка култура или историјата на северна Грција, рече Катругалос.

Тој истакна дека Атина е во постојан контакт со Скопје и дека ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент ќе биде ставена на дневен ред откако ќе заврши собраниската процедура со уставните измени во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This