April 26, 2024, 11:20 pm

Кафулињата и рестораните да станат пријатели на доењето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод Светската недела на доењето, здружението на граѓани „Матрона“ го најавува проектот „Breastfeeding Friends – Пријатели на доењето“ чија цел е градење на заедница на субјекти/поддржувачи (ресторани, кафулиња, компании, институции) кои ќе помогнат во подигнување на свеста за доењето.

Преку најразлични активности ќе се обидеме да придонесеме сите субјекти/поддржувачи заедно со нас да помогнат и да го олеснат процесот на доење за сите мајки. Како дел од активностите во овој проект, НВО Матрона ќе направи истражување преку анкетирање на целните групи. Целта на анкетата е да ја истражиме спремноста на општеството во поддршката на мајките за јавно доење и да дадеме поттик за сите идни мајки да ги дојат своите бебиња.

Ги покануваме сите релевантни субјекти/поддржувачи од јавниот и приватниот сектор да се вклучат во овој проект и да бидат дел од “Breastfeeding Friends – Пријатели на доењето” заедницата“, велат од здружението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This