КАША ПОПАРА ЗА ПАЗАРОТ НА ТРУД: Барам доктор на науки, плата 5 илјади денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компаниите и бизнисот се жалат дека недостатуваат квалитетни кадри, младите забележуваат дека компаниите не ги ценат нивните компетенции, странците констатираат дека многу учиме, а а малку знаеме и се така во бесконечен круг.

„Барам доктор на науки за работа на проект, плата 5 илјади денари“ – ова е еден од огласите кои изминатата недела се појави на еден од сајтовите за регрутирање кадри.

Додека експертите сметаат дека инвестирањето во квалитетни вработени е услов за успех, развој и прогрес на компанијата, за жал во Македонија голем дел од сопствениците и менаџерите сеуште кратењето на трошоците во компанијата го започнуваат тука од човечкиот капитал и ресурсите.

Секојдневно сме сведоци на голем број огласи и работодавачи кои се во потрага по нови работници, но условите кои ги нудат не се доволно привлечни за младите во Македонија.

Факт е дека тешко се наоѓа добар работник и тоа за жал е констатација која секојдневно ја слушаме на формалните и неформалните состаноци на менаџерите во Македонија. Секој менаџер очекува новиот вработен да биде „несекојдневен“, „подобар од тој претходниот“, „полојален“, „повреден“ и најважното да „побара плата помала од таа на претходниот“. Ова во пракса најчесто оди многу тешко.

Од друга страна младите во Македонија се повеќе ги напуштаат работните места и државата и „чарето“ го бараат во соседните земји или пак на скандинавскиот и западноевропски пазар на труд. Евтината и високообразована работна сила е прифатлива за компаниите на големите пазари.

Дополнително, ситуацијата ја влошува државната администрација каде што владее правилото „клати врата земај плата“. Платите за тие со ниски компетенции и средно образование во некои државни институции достигнуваат и до 60 илјади денари, што во приватен сектор и најквалитетниот ИТ инженер не би можел да ги добие како награда за заслужената работа.

На крајот муабетот завршува со констатација дека за најмногу пет години Македонија ќе има сериозен проблем со кадар. Ситуацијата и сега е лоша, но гледано во иднина не очекуваат многу полоши денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This