КАЈ ГИ ИЗЛАЖАА ЗА ОТКУПОТ, ПА И САКААТ ДА ГИ ТЕПААТ: За малку избегнат инцидент на протестот на сливарите во Делчево!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска производителите на слива оджаа протест во Делчево, каде беше блокирана раскрсницата кај Меѓународниот пат А3 кој го поврзува Делчево со бугарската граница.

На протестот учество зедоа над 30 производители на слива со својата земјоделска механизација. Тие еден час го блокираа сообраќајот во двете насоки.

Како што пренесува брегалнички.мк, во текот на протестот се случил инцидент при кој што додека неуниформирано лице на МВР од Полициската Станица во Делчево ги фотографираше тракторите и земјоделската механизација како и лицата кои протестираа на протестот.

На тоа дел од луѓето кои протестираа реагираа вербално сметајќи ја ваквата постапка за притисок и опструирање кон самиот протест.

Вербална расправија на протестот на производителите на слива во Длечево

Се случи инцидент на најавениот протест на производителите на слива во Делчево. Неуниформирано лице на МВР со службен фотоапарат ги фотографираше регистарските табли на земјоделската механизација и лицата кои беа на протестот.Откако беше воочена ваквата постапка од страна на луѓето кои протестираа, настана вербална расправија при што се вклучија повеќе службени лица на МВР во разрешување на тензичната состојба.

Posted by Брегалнички.мк on Monday, August 20, 2018

-Протестот се организира со цел да се надмине кризната состојба, која се појави поради непостоење на никаков откуп на пијанечкото сино злато, кое во делчевскиот регион се мери на околу 6000 тони, род што скапува по нивите. Бидејќи не вроди со плод неодамнешниот протест пред општинската зграда на кој побаравме надлежните да ни помогнат во пласманот од кој зависи егзистенцијата на многу семејства во регионот, ние најавуваме блокада на Меѓународниот пат А3, изјави производителот Благојчо Митревски.

Се проценува дека без откуп во делчевскиот регион ќе останат околу 6.000 тони модра слива.

Слична е, се посочува, ситуацијата и во Берово и Пехчево каде според тамошните овоштари има 4.000 тони модра слива, која чека на откуп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This