March 28, 2024, 12:37 pm

Кај децата од Гевгелија е утврдена вирусна инфekција која не е поврзана со KoBид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кај децата од Гевгелија со симптоми на респираторна инфекција е утврдена обична вирусна инфекција, која нема никаква поврзаност со Ковид -19, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Утврдено е дека ниту едно од педесетте деца немало антитела на ковид-19 и Филипче потврди дека зголемениот број на случаи е резултат на разбудениот имунолошки систем по изолацијата за време на пандемијата.

-Станува збор за вирусна инфекција, тоа што сакавме да потврдиме односно исклучиме е тоа дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали имаат антитела и дали во изминатава година го поминале ковидот асимптоматски. И тоа не е случај. Ниту едно дете нема антитела за прележан ковид и вториот момент кој се испитуваше беѓе зошто сега во толкава бројка и во еден регион.

Но, по информацијата дека има зголемена бројка на деца и во болницата во Козле, очигледно дека имуниот систем сега на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани дома и сега децата доаѓаат во контакт со предизивикувачи и на тој начин реагира имуниот систем. Значи нема никаков простор за паника, битно е дека нема никаква врска со ковидот ,со имунитет, реакција, така да е обична вирусна инфекција, рече Филипче.

Тим од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводен од доктор Аспазија Софијанова ја посети гевгелиската болница по зголемениот број на деца со респираторни инфекции за да се утврди за што станува збор, со оглед на тоа дека вакви инфекции не се вообичаени во овој период од годината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This