March 28, 2024, 11:40 am

КАЈ ЗАЕВ И СДС ВЛАДЕЕ СТРАВ: СДС и Заев се плашат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се трудат со лаги да ја манипулираат јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДС е партнер само на фамилијарните фирми на Заеви и криминалното здружение околу него, стои во реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДС во врска со изјавата на Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДС единствено се грижи да ги зголеми банкарските салда на милионерите кои седат во министерските столчиња. Затоа ги промовираат само новите бонбона бизниси од типот на либерализација и покачување на струјата. Ништо друго и не може да се очекува од злосторничко здружение, предводено од човек кој целата јавност го виде дека се богател злоупотребувајќи ја позицијата барајќи „едно евро за вицето“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека СДС и Заев се плашат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се трудат со лаги да ја манипулираат јавноста. Ги потценуваат граѓаните. Мислат дека не паметат.

-Тоа што СДС сака да го сокрие е дека нивните Рамиз Мерко и Самка Ибраимовски работат три месеци и заедно со српските естрадни мешетари стопија милиони евра од буџетот, а не донесоа ниту една инвестиција. Тоа што СДС сака да го сокрие е дека во време на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ невработеноста падна на рекордно ниско ниво, а беа отворени стотици илјади нови работни места. Експертите како Заев, Мерко и Самка не отворија ниту едно работно место надвор од ангажманот на соросовите невладини платеници. Тоа што СДС сака да го сокрие е дека во време на владеење на ВМРО ДПМНЕ се качуваше просечната плата и пензиите, а сега платите и пензиите се намалуваат, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека разликата во работењето е очигледна. Граѓаните знаат кој ветува и реализира, а кој нуди само празни зборови и манипулации. Делата говорат кој и што има направено за граѓаните.

-Точно е само тоа дека СДС забега во ароганцијата. Газат се пред себе и мислат дека вечно ќе може да бидат над законот. Ќе дојде крајот и на ова однесување. Падот на СДС ќе биде силен. Народот ќе ги тресне од земја. Откако ќе удрат и откако ќе се врати правната држава, секој ќе одговара за криминалот што го правел и штетата што ја нанел на државата и граѓаните, заклучија од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This