„КЕЦОВИТЕ“ ВО БЕГСТВО: Не им се допаѓале оценките па ги yкpaле дневнциците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум дневници биле yкpaдени од Средното училиште Ибраим Темо во Струга. Станува збор за шест дневници од албанските паралелки од втора година и еден на турски наставен јазик. Од безбедносните камери кои се поставени во дворот и внатре во училиштето можело да се забележи дека настанот се случил синоќа околу 22 часот. Засега непознато лице, откако претходно го паркирало својот автомобил, влегол во училиштето, а потоа и во наставничката канцеларија каде се наоѓаат дневниците, пренесува Алсат.

Од училиштето велат дека не им се познати причините за овој настан и не знаат кој би можел да го направи тоа. Очекуваат дека сторителот ќе биде пронајден, а се надеваат дека во тоа ќе помогнат и снимките од камерите. Во минатото и во средното училиште Нико Нестор во Струга имаше ситуација на кражба на дневници.

„Утрово во 7 и 30 пред да почне првиот час кога наставниците се упатија кон дневниците видовме дека овде не се дневниците од втора година. Веднаш повикавме полиција, која дојде одма. Ги отворија безбедносните камери и сега чекаме од нивна страна одговор“, рече Бесиме Јонузи-директор на Ибраим Темо.

„Веднаш беа повикани сите класни раководители на кои им сега недостасуваат дневници. Со сите беше разговарано да нема некои проблеми со некои од учениците поради оценки или изостаноци. Но, едногласно беше кажано дека нема такви ученици со кои има такви проблеми. Ќе видиме дали ова беше направено од некој од надвор или од некој роднини или други“, додава директорот Јонузи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This