КЕЈТ МИДЛТОН ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ: Дели бесплатни совети за мајчинството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без оглед што има тим кој постојано се грижи за сѐ што ѝ треба, Кејт Мидлтон сака самата да се грижи за своите деца и да поминува колку што може повеќе време со нив.

Своето долгогодишно искуство, таа реши да го искористи во хуманитарни цели, така што околу неа состави тим од стручњаци. Со нив, војвотката ќе најде начин како на родителите да им помогне во воспитувањето на децата.

Иако има голема помош од дадилката која ѝ се наоѓа околу децата, поголемиот дел околу обврските со петгодишниот Џорџ, тригодишната Шарлот и деветмесечниот Луис, таа ги завршува сама.

Поддршката на Кејт за останатите родители од Британија е преку здружението „Семејна акција“. Во здружението, таа работи со помош на волонтери, кои ги советуваат родителите преку телефонски повици, мејлови и смс пораки.

„Сето тоа е многу тешко. Во првите денови од мајчинството, со новороденчето, повеќето мајки добиваат голема помош, но откако детето ќе наполни една година, таа помош ја снемува. Потоа треба да се прочитаат многу книги. Сите ние поминуваме низ иста борба“, рекла Кејт за време на посетата на здружението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This