КИДНАПИРАЊЕ ВО КИСЕЛА ВОДА: Го грабнале и качиле во кола во која била неговата девојка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчеравечер во Полициска станица Кисела Вода, С.Ф. (20) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01.45 часот во Скопје на булевар „Борис Трајковски“, општина Кисела Вода, по претходно телефонски договорена средба, откако излегол од својот дом, С.К. заедно со уште едно непознато лице насилно го внеле во патничко моторно возило во кое како сопатник била С.Ц.

Додека се движеле, непознатото лице и С.К. физички го нападнале С.Ф., а потоа откако истиот изјавил дека е во љубовна врска со С.Ц., С.К. физички ја нападнал истата.

По ова, во населба Керамидница, С.К. и непознато лице го извадиле С.Ф. од возилото и повторно физички го нападнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This