Киев oбвинува: Руската вакцина е хибpидно оpyжје пpoтив Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека Киев не сака руска вакцина против вирусот корона затоа што смета дека таа претставува хибридно оружје на Русија против Украина.

Во интервју за весникот „Дан“, тој рече дека постои класичен начин за вакцина, а тоа е системот КОВАКС. Во рамките на тој систем, можно е да се постигне договор со оние кои снабдуваат и произведуваат вакцини или да им се обраќаат на земјите што резервирале големи количини препарати за себе.

„Кога станува збор за руската вакцина, ние разбираме дека тоа е хибридно оружје на Русија против Украина“, рече Кулеба.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин рече дека постои можност вакцините против вирусот да бидат доставени до Киев, но дека е потребно прво да се разговара со украински експерти и да се добие официјално барање од властите во Киев .

После тоа, украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика своите сонародници да ја чекаат „вистинската вакцина“ ветена од Европската унија . Како што рече, вакцинацијата треба да започне во јануари или најдоцна во февруари, иако сè уште не е познато кога Украина ќе ги прими првите вакцини.

Зеленски тогаш призна дека, сепак, не може да му го објасни на населението одбивањето на руската вакцина.

Еден од членовите на украинскиот парламент, копретседател на „Платформата на опозицијата – за живот“ Вадим Рабинович оцени дека отсуството на желба на украинските власти да набават вакцина од Русија – планира уништување на луѓето .

Од почетокот на пандемијата во Украина, повеќе од милион луѓе се заразени, од кои околу 18.000 ја загубија битката со вирусот, додека околу 700.000 се опоравија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This