Ким Кардашијан oткpи кaкo ги чyвaлa дeцaтa вo кapaнтин: „Ja cлyшaм ќерка ми кaкo плaчe и нe ми e гajлe“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ким Кардашијан во неодамнешно интервју отворено зборувала за одгледувањето на децата и бракот со Каније Вест.

Таа открила како изгледа животот во карантин со четири деца, но и зошто понекогаш се чувствува како лоша мајка.

Последните неколку месеци за Ким Кардашијан биле едноставно неиздржливи, како што вели и самата. Животот ѝ се променил од корен, па поради карантинот и пандемијата, своите обврски, деловни планови и патувања, морала да ги одложи.

Тоа било добра можност за уште повеќе да се зближи со семејството, со сопругот Каније Вест и четирите деца, на кои не успева да им посвети големо внимание поради брзото темпо на живот.

Меѓутоа, после само неколку недели поминати дома, Ким сфатила дека реалноста е многу поинаква од што ја замислувала. Да се биде мајка на четири деца воопшто не е лесна задача.

„Бидејќи Каније сега е во изолација, воглавно во нашата спална соба, сите обврски паднаа на мене. Бев постојано опкружена со деца. Тоа на почетокот ме радуваше, а на крајот ме исцрпи. Буквално ја слушам ќерка ми како плаче во другата соба и воопшто не ми е гајле. Се чувствувам како ужасна мајка“.

„Знам дека многумина поминуваат низ истите предизвици, и дури сега сфаќам. Сега дефинитивно сум сигурна дека треба да успорам и да бидам помалку критична кон себе. Задоволете се некогаш и себе. Една работа сфатив, ако некогаш сум помислувала на 5-то дете, сега сум сигурна дека не го сакам тоа“, заклучила Ким.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This