КИМ ЈОНГ УН ПОВТОРНО ВО КИНА: Севернокорејскиот лидер на повторна средба со кинескиот колега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авионот на севернокорејската авиокомпанија Ер Кореа слета на аеродромот во кинескиот град Далиан, објави новинската агенција Кјодо по шпекулациите дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун може да го посети регионот.

Кинеското Министерство за надворешни работи не ја коментираше средбата.

“Во моментов немаме информации кои можеме да ги споделиме”, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Генг Шуанг на брифингот, додавајќи дека Кина и Северна Кореја се блиски соседи и одржувааат нормална комуникација и трговска размена “.

Во меѓувреме, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји моментално е во посета на Далиан, јави агенцијата, додека локалната полиција, наводно, ја зголемила безбедноста на улиците.

Во исто време, според кинеските медиуми, кинескиот претседател Кси Јинпинг и шефот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун, се состанале во северна Кина.

Пристанишниот град Далиан нема редовни летови за Северна Кореја.
Од 25-28 март Ким престојуваше во неофицијална посета на Кина, каде што оствари средби со кинескиот претседател, поради меѓународните напори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Ова беше прва меѓународна посета на Ким од доаѓањето на власт во 2011 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This