April 19, 2024, 11:22 pm

КИМ ЈОНГ УН ТЕСТИРАШЕ ХИДРОГЕНСКА БОМБА: Бомбата која ја тестираше Северна Кореја пет пати посилна од онаа фрлена во Нагасаки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала хидрогенска бомба, наменета за интерконтинентална балистичка ракета. Медиумите пишуваат дека бомбата е пет пати посилна од онаа фрлена во Нагасаки на 9.Август 1945.година кога загинаа 74.000 луѓе

Пјонгјанг тврди дека тестирањето било успешно и значајно поради комплетирањето на програмот за нуклеарно оружжје, како и дека немало протекување на радијација. Премиерот на Јапонија Шинзо Абе, рекол дека уште еден нуклеарен тест на Северна Кореја би бил неприфатлив.

Главната метеоролошка агенција на Јапонија соопшти дека потресите кои се забележани изутрината во Северна Кореја по сила ги надминуваат претходните нуклеарни тестирања за најмалку 10 пати.

„Магнитудата на денешниот потрес изнесуваше 6.1, што е најсилен потрес кој е забележан во североисточниот дел на Северна Кореја до денес. Земајќи ги во обзир сите можни грешки, сегашните потреси по сила ги надминуваат претходните потреси најмалку 10 пати“, изјавил претставник на јапонската метеоролошка агенција.

Јапонија и Јужна Кореја сметаат дека земјотресот е вештачки направен и се работи за нуклеарно тестирање.

Северна Кореја претходно соопшти дека развила уште едно понапредно нуклеарно вооружување – хидрогенска бомба која може да биде ставена на новата интерконтинентална балистичка ракета.

Како што пренесува офцијалната севернокорејска агенција КЦНА, Ким Јонг Ун извршил инспекција на хидрогенската бомба, пренесува Ројтерс.

Силата на таа хидрогенска бомба може да изнесува повеќе стотини килотони и може да биде детонирана на високи надморски висини. Таа е наравена од компненти од домашно производство, што овозможува земјата да направи колку сака такви оружја, тврди КЦНА.

КЦНА ја пренесува изјавата на Ким дека „сите компненти на хидрогенската бомба се 100% домашно производство“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This