Ким Kapдашијан и официјално е милијардepka, а еве од што најмногу зapaботува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската старлета Ким Кардашијан Вест и официјално стана милијардерка, објави „Форбс“.

„Форбс“ вчера ја објави годишната листа на светски милијардери, а за првпат на неа се најде и славната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан. Тие исто така пишуваат како нејзините козметички компании „ККВ бјути“ и „Скимс“ ѝ помогнале да се најде на таа престижна листа.Ким ја покренала компанијата „ККВ бјути“ во 2017 година, а компанијата „Коти“ лани купила 20 отсто од уделот во нејзината козметичка линија според договор за кој се проценува дека тежи околу милијарда долари. „Форбс“ вели дека нејзиниот удел во компанијата сега вреди околу 500 милиони долари.

„Форбс“ наведува дека Ким има удел и во бројни други приватни компании и иако точните бројки не се објавени, изворот тврди дека старлетата „тежи“ вкупно повеќе од милијарда долари.

Кардашијан има и други инвестиции, вклучително и бројни недвижности, а исто така потпиша договор и со стриминг сервисот „Хулу“. Секако, не треба да се заборави дека повеќе од 213 милиони луѓе ја следат на Инстаграм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This