Кина воведе санкции против Помпео и уште 27 „антикинески политичари“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската влада воведе санкции против поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео и уште 27 други американски официјални лица, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Новиот список на санкции, кој вклучува многу членови на сега веќе поранешната администрација на Трамп, беше објавен кратко време откако новиот претседател на САД, Џо Бајден, положи заклетва.

Кинеското Министерство за надворешни работи објави санкции против 28 американски „антикинески политичари“ обвинети од Пекинг за „серија луди потези“ кои сериозно ги поткопуваат кинеските интереси и односите меѓу САД и Кина, го навредуваат кинескиот народ и се мешаат во внатрешните работи земји, пишува Спутник Интернешнл.

На списокот се наоѓаат истакнати имиња од сега веќе поранешната администрација на Трамп – државниот секретар Мајк Помпео, поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и неговиот наследник Роберт О’Брајан, поранешниот главен стратег на Белата куќа Стивен Бенон и директорот за политика за трговија и производство Питер Наваро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This