Кина и Индија се согласија – Ги повлекуваат своите cили од Хималаите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинески и индиски воени команданти се согласија да ги повлечат своите сили од спорната област на Хималаите по судирите во кои загинаа најмалку 20 војници, објавија денеска двете држави.

Командантите постигнале договор на нивната прва средба од почетокот на конфликтот на 15 јуни, се истакнува во соопштенијата на двете земји.

Претставници на Министерството за надворешни работи на Кина изјавија дека „двете страни имале длабока и искрена размена на мислења за истакнати прашања за тековната контрола на границата и оти се согласија да преземат мерки за смирување на ситуацијата“.

Во изјавата на индиската армија се наведува дека „командантите разговарале во срдечна, позитивна и конструктивна атмосфера и оти постои консензус за ставање крај на конфликтот“.

Министерството за надворешни работи на Кина ги негираше шпекулациите на министер во Владата на Индија дека во конфликтите на 15 јуни загинале 40 кинески војници. Министерството тврди дека станува збор за „лажни информации“.

Индија соопшти дека загинале 20 нејзини војници, додека Кина не објави никакви информации за загубите на нејзина страна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This