КИНА НЕ ГО ПРИМА ЃУБРЕТО ОД ЕВРОПА: Ама затоа Албанија се согласи европскиот отпад да се складира кај нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петрит Васили,координатор на парламентарната група на третата, по моќност, политичка сила во Албанија, Движењето за социјалистичка интеграција, ја обвини Владата и премиерот Еди Рама за „нов скандал” со кој отпадот од Европа ќе го носи во Албанија за рециклирање.

Според него, Кина, земја каде се рециклира 85 отсто од отпадот од Европа се определила за драстична редукција на 24 категории на цврст отпад, вклучувајќи хартија, пластика, текстил.

-Разоткриена е црната стратегија на премиерот за рециклирање отпад во Албанија. Кина веќе не го прифаќа отпадот на Европа а Еди Рама со задоволство ќе го прими во Албанија,претворајќи ја земјата во депонија и шверц со опасен отпад,-обвини Васили.

Тој потсетува на „скандалот од 1.300 контејнери со опасен отпад” што во Албанија пристигнале од 2014 до 2016 година.

Ова тешко прашање, според него, за кое главно обвинувале италијанските медиуми, врз основа на новите факти, набрзо ќе биде расветлено.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This