Кина нeгиpa, нема протеkyвање од нykлеapните peakтори, нивото на paдиjaција е нормално

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По извештаите на медиумите за протекувањето на еден од нејзините реактори, Кина соопшти дека нивото на зрачење околу нуклеарниот проект Таишан во југоисточната провинција Гуангдонг е нормално.

Француската компанија ЕДФ, еден од сопствениците на проектот, изјави дека ги истражува извештаите во медиумите дека од централата се регистрирани абнормални нивоа на радиоактивен гас.

Си-Ен-Ен објави дека Фраматом, единицата ЕДФ која ги дизајнирала реакторите на Тајшан, предупредувала на „непосредна радиолошка закана“ на проектот по насобирањето на криптон и ксенон.

Haао Лиџијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, изјави на брифинг со новинарите дека централата е целосно усогласена со сите прописи и нема знаци на абнормалности во нејзината близина.

„Досега кинеските нуклеарни централи работеа без пречки, без инциденти кои би влијаеле на животната средина и јавното здравје“, рече Зао.
Проектот Таишан, завршен во 2019 година, се состои од два реактори дизајнирани од Франција, и се наоѓа на околу 200 км од Хонг Конг.
Претходно, извршниот директор на Хонг Конг, Кери Лам, за новинарите изјави дека Опсерваторијата во Хонг Конг и Одделот за водоснабдување го следат нивото на радијација и досега не откриле ништо абнормално.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This