April 26, 2024, 11:57 am

Кина пoдгoтвyвa плaн зa cпac нa плaнeтaтa Зeмja?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинески научници направија план за спасување на планетата Земја во случај да биде загрозена од ударот на астероидот Бену. Планот на Кина е да лансира повеќе од 20 ракети „лонг марч“ во вселената за да го пренасочи ударот на астероидот, кој има малку шанси да стави крај на животот на Земјата еден ден.

Нивната цел е астероидот Бену, вселенска карпа тешка 85,5 милиони тони (77,5 милиони метрички тони) што е на пат да се приближи на растојание од 7,6 милиони километри од орбитата на Земјата помеѓу 2175 и 2199 година. Иако шансите на Бену да ја погоди Земјата се мали, 1: 2.700, астероидот е широк колку Емпајер Стејт Билдинг, што значи дека секој судир со Земјата би бил катаклизмичен.

Проценетата кинетичка енергија на влијанието на Бену на Земјата е 1.200 мегатони, што е приближно 80.000 пати повеќе од енергијата на атомската бомба фрлена на Хирошима. За споредба, вселенската карпа што ги збриша диносаурусите од лицето на Земјата произведе околу 100 милиони мегатони енергија.

Научниците од кинескиот национален центар за вселенска наука пресметале дека 23 „лонг марч“, секоја тешка 992 тони (900 метрички тони), истовремено ќе го сврти астероидот од фаталниот тек за скоро 6.000 милји (околу 9000 км), што е 1,4 пати поголем од радиусот на Земјата. Нивните пресметки се детално опишани во новата студија што ќе биде објавена во претстојниот број на списанието „Икарус“ од 1 ноември.

„Ударите на астероиди претставуваат голема закана за целиот живот на Земјата“, напишал Мингтао Ли, инженер за вселенска наука од Националниот центар за вселенска наука во Пекинг и главен автор на новата студија. „Одбивањето на астероид на патот на ударот е клучно за ублажување на оваа закана“.

Планот на кинеските научници би ја заобиколил потребата да се запре астероидот со подиректни, но ризични средства, како што е методот на атомска бомба што Брус Вилис го популаризираше во филмот „Армагедон“. Во реалноста, нуклеарен удар би ги распаднал вселенски карпи на неколку помали парчиња, кои сепак би можеле да се судрат со Земјата, што ќе доведе до разорни последици.

Кинескиот план следи сличен, но малку поскап предлог од тој на САД. Според планот на НАСА наречен ХАМЕР, флота од вселенски летала високи 9 метри со ударни „овни“ треба да го сврти астероидот од курсот. Симулациите на НАСА сугерираат дека за поместување на астероидот ќе бидат потребни меѓу 34 и 53 удари од вселенските летала ХАМЕР, лансирани 10 години пред Бену да се судри со Земјата.

НАСА и ЕСА (Европската вселенска агенција) први ќе тестираат нов метод за туркање астероиди во две заеднички мисии, што ќе бидаѕ лансирани на 24 ноември годинава. Мисијата ДАРТ ќе испрати вселенско летало кое би пристигнало една година подоцна на далечниот астероиден систем Дидимос, на 7 милиони милји (11 милиони километри) од Земјата. Откако таму, вселенското летало на НАСА ќе се забие во малата месечина на Дидимос, карпа во орбитата околу астероидот. Мисијата на ЕСА, Хера, ќе надгледува како ДАРТ ја поместува од нејзината траекторија.

Бену е астероид од типот Б, што значи дека содржи големи количини на јаглерод и, потенцијално, многу исконски молекули присутни од времето на појавување на животот на Земјата. НАСА веќе испрати вселенско летало, наречено „Озирис-Рекс“, во потрага по примероци од астероидот. „Озирис-Рекс“ пристигна над Бену во октомври 2020 година, лебди над него доволно долго за да собере расфрлани парчиња од површината со своите триметарски нозе. Озирис-Рекс се очекува да се врати на Земјата во 2023 година.

„Лонг марч“ се ракети на кинеската вселенска програма и тие се користат за завршување на повеќето испораки до кинеската вселенска станица и лансирање кинески сонди до Марс и Месечината. Ракетите предизвикаа загриженост за неконтролирано враќање на Земјата во минатото. Во мај, 22 тони (20 метрички тони) дел од „Лонг марч“ падна на Земјата – дел изгоре, а дел падна во морето во близина на Арапскиот полуостров. Во мај 2020 година се веруваше дека фрагментите од ракетата се урнале во две села во Брегот на Слоновата Коска, пренесува „Live Science“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This