КИНА СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН АВСТРАЛИЈА: Нова кинеска воена база во Пацификот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина планира да изгради поморска воена база во Вануату, според австралиските медиуми.

Според весникот “Сиднеј морнинг хералд”, повикувајќи се на извори вод Канбера, Кина е во преговори со Република Вануату за можна постојано присуство во Пацификот.

Според весникот, немаше официјален предлог до Владата на Вануату, но високи функционери во разузнавачките служби на Австралија веруваат дека Пекинг би можел да изгради постојана воена база.

Таа ќе се наоѓа на 2.000 километри од брегот на Австралија и ќе им овозможи на Пекинг да ја зголемат својата воена моќ на Пацифичкиот театар, за промена на стратегискиот баланс, кој ќе го зголеми ризикот од судир помеѓу Кина и САД.

Вануату е мала Пацифичка земја во Меланезија и се наоѓа на 83 острови на архипелагот Нови Хебриди со вкупна површина од околу 12.200 квадратни километри. Износот на економска помош на Вануату од страна на Кина изнесува 243 милиони долари.

Во извештајот за воени буџети Државниот совет на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, кој беше објавен во февруари 2018 година, се наведува дека Кина го зголемува бројот на воени бродови и авиони, поминувајќи ги бројките на Јапонија, Јужна Кореја и Индија заедно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This