КИНА ЌЕ ЈА КОРИСТИ РУСКАТА БАЗА ВО СИРИЈА: Се поизвесен влезот на Кинески копенени и воздушни сили во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија и Кина во континуитет ја развиваат соработката во контекст на Сирија. Путин и Кси Џинпинг на маргините на самиотот на БРИКС кој ќе се одржи на 15 и 16-ти октомври, ќе ги разгледаат аспектите за заедничка стратегија во Сирија

avioni_hmejmim_kinezi

Претходно, заменик шефот на кинеската дипломатија Ли Баодунг изјави дека Пекинг и Москва имаат слични ставови кога станува збор за ситуацијата во Авганистан и Сирија.

Доказ за тоа е и ставот на Кина на гласањето за резолуцијата за Сирија во Советот за безбедност минатиот викенд. Имено, за време на гласањето за француската предлог резолуција, на која Русија стави вето, Пекинг беше воздржан, но гласаша за руската резолуција за поддршка на договорот на Русија и САД и предлогот на специјалниот претеник во ОН за Сирија Стефан Мистур за повлекување на милитантите на Ал Нусра Фронт од Алео. Нацртот не доби доволен број гласови, поради што кинескиот амбасадор во ОН изрази жалење.

Директорот на институтот за меѓународни односи при Универзитетот во Пекинг Џа Лејинг изјавил дека Русија и Кина континуирано завземаат заеднички став з Сирија во СБ на ОН.
„Кина и Русија се против насилно рушење на властите и инсистираат на тоа дека внатрешните проблеми треба да се решаваат земајќи ја во предвид ситуацијата во земјата. Мешањето во внатрешните работи под изговор за заштита на човековите права е недопустливо. Москва и Пекинг истакнуаат дека е неопходно да се најде политичко и дипломаско решение за сириското рашање, во спротивно хуманитарната состојба во земјта ќе биде влошена, а бројот на бегалци ќе расте“, вели Лејинг.

Аналитичарите велат дека Кина ќе ја зголемува нејзината улога во решавањето на сириското прашање. Експерот за Блискиот исток Станислав Тарасов потсетува дека според пишувањта на западните медиуми кинеские воени советници веќе се во Сирија. Тарасов смета дека Москва и Пекинг формираат „тандем“ во таа блискоисточна земја.

„Кина ги поддржува руските предлози за Сирија, на пример, кога Москва инсистира на зачувување на територијалната целовитост на таа земја. Ако Русија и Кина успеат да го дбранат тој принцип во Сирија, тоа ќе помогне во решавањето на проблемите и во другите блискоисточни и северноафрикански земји, во Ирак, Јемен, Либија…Пекинг има комплексен пристап кон решавањето на проблемите, за него, како и за Москва, Сирија е една од најважните коцки во блискоиточниот мозаик, уште повеќе поради тоа што ИСИС се обидува да пробие во Авганистан, кој Кина го смета за зона на стратешки интерес“, потсетува Тарасов.

Воениот аналитичар Владимир Јевсејев смета дека Кина е заинтересирана за обновување на производството на нафта во Сирија, во што активно учествуваше пред војната. Освен тоа, кинеската армија, би можела да стекне практични, борбени искуства. „Сирија е единствената земја во која кинеските копнени сили, пред се специјалците би можеле да се стекнат со воено искуство. Тоа се однесува и на авијацијата. Мислам дека кинеските пилоти би можеле да ја користат руската база во Хмејмим. А мислам дека Кинезите не би ја одбиле можнста да ја користат и руската поморска база во Тартус. Дотолку повеќе што Кина би можела да помогне во модернизација на таа база, која во моментот има ограничени капацитети. На тој начин Кина би добила упориште во Средоземното море, што е од исклучителна важност за таа земја“, заклучува Јевсејев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This