КИНЕЗИТЕ ВО ОФАНЗИВА ПРОТИВ АМЕРИКАНСКИТЕ АВИОНИ: Кинеските ласери повторно таргетираат американски авиони над Пацификот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинески ласери во најмалку 20 случаи ги таргетирале американските авиони со ласери над Тихиот Океан, според неименуван американски воени претставник за CNN.

Изворот вели дека 20 инциденти биле забележани во периодот од септември 2017 година и дека ласерски зраци биле насочени кон американските авиони.

Последниот инцидент, вели тој, се случил пред две недели.

Неименувани функционери за CNN вели дека нема инцидентот не предизвикал повреда кај пилотите, додавајќи дека инциденти слични на оние кои ги искусиле американски пилоти во Источна Африка, кога ласери биле насочени од кинески база во близина.

Кина ги осуди тврдењата на САД.

Официјалните воени претставници на САД официјално се пожалија на Кина за користење на ласери за да одвлечат вниманието на пилотите. Нарекувајќи ги настаните во Африка “многу сериозен”, Пентагон објави дека се случиле 10 слични инциденти во Џибути, каде што двете земји имаат воени бази на неколку километри едни од други. Додека американските официјални претставници велат дека намерата била нејасна, двајца пилоти на товарен авион доживеале мали повреди на око откако биле изложени на ласерскиот зрак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This