КИНЕЗИТЕ РАЗВИЈА УЛТРАМОДЕРНО МОРНАРИЧКО ОРУЖЈЕ: Протекоа фотографии од новото кинеско супероружје – електромагнетен топ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фотографиите кои минатата недела ги објави кинескиот твитерџија по име Дафенг Цао сугерираат дека оваа азиска сила тестира бродски електромагнетен топ

Електромагнетниот топ е експериментално оружје од новата генерација кое користи електромагнетна сила како со исклучително голема бризна би лансирало проектили долж електронски набиени железни „шини“ кои формираат магнетно поле.

САД се откажаа од сопствениот електромагнетен топ откако потрошија 500 милијарди долари. Нивниот топ постигна брзина на проектилот од околу 7.800 километри на час со домет од 150 килоемтри, што е повеќе од 6 маха (6 пати побрзо од брзината на звукот). Проектилот се испалува низ цевката благодарение на Лоренцовата сила, со очекувано разорен ефект за нападнатите непријателски оклопни возила или одбрамбени инсталации и тврдини. Меѓутоа, изгледа дека кинескиот проект се покажал доста поуспешен. Дафенг Цао, кој себеси се опишува како „набљудувач на Кинеската армија“, но и други твитерџии кои го пртат развојот на кинеските воени капацитети, се соочија со масовен, досега невиден електромагнетен топ инсталиран на воениот брод Хаиуанг Шан, тип 072 трета класа, во бродоградилиштето во Вухан.

Како што јавува Дафенг, на знамето позади топот се наоѓа и натпис: „Овозможуваме првокласно морнаричко оружје и опрема во светот“. Дафенг за „Њузвик“ објасни дека на фотографијата налетал на кинеската социјална мрежа Веибо и дека сите фотографии се објавени во текот на изминатиот месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This