КИНЕЗИТЕ ТРГНУВААТ КОН СИРИЈА: Кинескиот шеф на дипломатијата најави дека Пекинг активно ќе се вклучи во Сирија и ќе обезбеди мир!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Кина ќе и помогне на Сирија во обновата на земјата, и се надева дека Сирија ќе покаже флексибилност во мировните преговори, пренесуваат кинеските медиуми

Тој на состанокот на вишиот помошник сириски претседател, за време на посетата на Кина Боутаин Шабан му рекол дека ќе се зголеми ангажираноста на Пекинг во врска со иднината на политичкото решение во Сирија и дека верува дека Кина може да допринесе во приговорите за официјалнниот миреовен процес во Женева.

„Кина се надева дека сириската страна може да ја искористи приликата, да покаже флексибилност и да го унапреди дијалогот и преговорите, за да се постигнат конкретни резултати“, изјавил Венг.

Кина се потпира на увозот на нафта од подрачјето на Блискиот исток, додека регионалната дипломатија главно ја препушта на другите постојани членови на Советот за безбедност на ОН, пред се САД, Велика Британија, Франција и Русија.

Меѓутоа, во последно време Кина се обидува повеќе да се вмеша, преку испраќање на пратеници, со намера да помогне во пронаоѓањето на дипломатско решение за насилието, како и повикување на претставници на сириските власти и опозиција.

Кина, исто така се надева дека со мир на Блискиот Исток би завришила и вмешаноста на западните земји во активностите на милитантите групи во Сирија и Ирак.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This