Кинеската амбасада изјави дека не се знае кога ќе пристигнат вакцините во Мaкедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската амбасада во земјава има голема желба и подготвеност да се достават вакцините, но се уште нема информација кога ќе пристигнат на нашата територија. Според нив, потегот на Владата на Македонија што одлучи да набави вакцини од нив, покажа дема земјава има доверба во Кина.

„Кинеската страна ги поддржува релевантните претпријатија да комуницираат со владата на Македонија за набавка на вакцини. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Македонија на вакцините против ковид-19 и да и помага во нејзината борба против пандемијата“, се вели во изјавата од Кинеската амбасада за ТВ 24.

Премиерот Зоран Заев денес најави дека Македонија треба да добие над 2 милиони вакцини од неколку компании и потенцира дека прашање е на време кога тие ќе ја поминат нашата граница и ќе пристигнат.

„Ние секој ден штракаме на телефоните да добиеме некоја информација за истовар на вакцини и да ја споделиме. Но сепак, денови се во прашање“, вели Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This