КИНЕСКАТА ЛОКОМОТИВА ЌЕ МОРА ДА ГО СПАСУВА СВЕТОТ: Кинеската економија единствена со плус во светот – нам ни се подготвува економска катастрофа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во новата економска криза влеговме тивко на крајот на минатата година, а пандемијата на коронавирус дополнително ги отежна работите, служи како изговор за кризата која ќе биде подлабока од претходната, смета економистот Небојша Катиќ, пренесува Спутник

Тој за Спутник вели дека пред нас се многу тешки месеци и гоидни од оние кои следеа по појавата на светксата економска криза која се случи во 2008. година.

„Претпоставувам дкеа, некаде на крајот на следната година економијата ќе излезе од минус кога станува збор за растот на БДП, но дека стапката на раст која ќе следи потоа ќе биде недоволна за да го компензира губитокот од БДП-то кој ќе се случи оваа година и веројатно во текот на следната година“ – ваква е оценката на српскиот економист и деловен консултант во Лондон.

Она што оваа криза ја прави полоша од претходната е што пандемијата нанесува огромни удари на економиите кои веќе се потклекнати, истакнувајќи дека кризата започна тивко уште во последниот квартал на минатата година.

Пандемијата како оправдување за пропустите и економска криза

„Пандемијата ќе биде блескав начин да се поркијат сите пропусти направени во последните десет години и пандемијата ќе овозможи да се продолжи таа деструктивна политика која ја гледавме во последната деценија“, предвидува соговорникот на Спутник.

Тој потсетува дека Америка само што усвои мерка тешка 2.000 милијарди долари, незапаметена во историјата. Кризата не е на почеток туку се случува повеќе време, податок кој ова го потврдува е дека една Норвешка денес има стапка на невработенсто каква што немала од Втората светска војна. Секој ден, буквално стотици илјадници луѓе ги губат своите работни места.
Можеме да очекува дека државите, особено големите, како што направи Америка, да донесат пакет мерки, што ќе ја намали длабочината на кризата.

„Она што ќе се случи е дека остатокот од светот, особено земјите во развој, меѓу кои е и Србија (и Македонија), ќе доживеат страотни удари, бидејќи капацитетот на овие држави себеси да си помогнат е мал, а бегството на капиталот од државите во рзавој веќе започна во последните месец дена. Ова е невидено во модерната историја. Веќе некаде преку 80 милијарди долари се повлечени од државите во развој и тој тренд ќе продолжи, така да сликата е доста мрачна“, смета Катиќ.

Единствено Кина и Индија со плус

Според она што е засега видливо проценките се дека оваа година, од големите економии, единствено Кина и Индија би можеле да завршат во плус и тоа многу мал.
Кина како што се предвидува, може да биде во плус од околу 2.0 евентуално 2.5 проценти.

„Кина е од сите економии во овој момент веројатно најотпорна. И оваа епидемија, по се изгледа, во Кина е на крајот. Кинеската индустрија ќе започне да работи пред остатокот од светот, а кинеските граѓани кои веќе излегуваат од крантин, ќе можат да креираат побарувачката на секторот услуги. Не е случајно што единствено за Кина и Индија, од големите економии, се прогнозира дека нивниот раст ќе биде позитивен“ – вели соговорникот на Спутник.

Сите други држави, како што напоменува, треба да имаат негативна стапка на раст, што кумулативно би значело поголема криза од онаа во 2008. година.

Таа кодина, како што потсетува, имаше криза на побарувачка, бидејќи куповната моќ одеднаш беше намалена, а она што денес го гледаме е криза на понуда и побарувачка, бидејќи огромни сектори од економијата не работат.

„Ова е единствен пример, или ако сакате, единствена криза во последните можеби 50 години, бидејќи имаме криза на побарувачка и на понуда. Освен тоа, треба да се потсети дека во 2008. година Кина беше локомотива и благодарение на нејзините огромни стапки на раст во таа година вкупниот БДП на светот се движеше околу нула“, напоменува познатиот економист.

Може ли Кина да го извлече светот од економска катастрофа

На прашањето дали вака скормен кинески раст во оваа година во однос на оној кој инаку го бележеше во 2008. да ги спречи проблемите на голбално ниво, Катиќ смета дека поради пандемијата Кина овој пат нема капацитет да ја извлече светската економија, барем некои нејзини делови. Тој укажува и дека поради ситуацијта во Кина, али и остатокот на светот, цената на сировината ќе падне, што исто така ќе загорзи голем дел од неразвиените држави, или државите во рзавој.

Економистите во светот веќе проценуваат дека Кина нема да и треба долго за нејзината економија како локомотива на глобалниот развој во голема мерка ќе се опорави, но прашање е колку за тоа ќе треба на останатите да ја следат и да ја купуваат нејзината роба. На таа констатација, економскиот консултант од Лондон вели дека Кина денес е во битно поразлична ситуација од онаа во 2008. година бидејќи внатрешниот кинески пазар е се поголем и посилен. Како што објаснува, дел од побарувачката која отсегаш доаѓаше од странство сега може да го надохнади со тоа што Кинезите ќе купуваат повеќе.

На прашањето, колку на Кина како најголем производител на разни добра во светот, па така и како потрошувач на енергенси може да и помогне вака ниската цена на нафатата која во моментов е околу 27 долари за барел, тој напоменува дека таа индиректна инекција која ја доби поради непостигнувањето на договор помеѓу членките на ОПЕК сепак не е најважна.

„Клучно за Кина е дека остатокот од светот што порано излезе од криза, трговската војна со Америка да не се интензивира и во таа трговска војна Америка и Кина да не се приклучи и ЕУ и Америка да не воведе казнени мерки, некакво ембарго на кинеска роба“, смета соговорникот за Спутник.

Извор
Спутник.рс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This