КИНЕСКАТА ПОЛИЦИЈА СО НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА: Со очила идентификува лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската полиција почна да користи очила со технологија за препознавање лица.

Како што пишуваат локалните медиуми, а пренесува The Verge, припадниците на полицијата почнаа со тестирање на очилата на железничката станица во Џенгџо каде се користи за скенирање на туристите во текот на претстојната кинеска Нова година. Станува збор за период со екстремен метеж често опишан како период на најголема миграција на Земјата.

Полицијата соопштила дека досега благодарение на очилата се уапсени седуммина осомничени за тешки кривични дела, но и 26 лица кои патувале со лажен идентитет.

Од компанијата што ги направила очилата ннаведуваат дека соработувале со локалната полиција за да развијат технологија што одговара на нивните потреби.

Според некои проценки, Кина до 2020 година ќе има повеќе од 600 милиони сигурносни камери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This