April 26, 2024, 10:02 am

КИНЕСКА ПОМОШ ЗА СРБИЈА: По настаните и тензиите на Косово, Вучиќ побара помош од Кина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Србија никогаш не била во полоша ситуација, и покрај постојаните повици за мир и стабилност, заедно со нејзиниот сериозен и одговорен пристап кон решавањето на сите проблеми“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Српските високи официјални претставници денес ѝ рекоа на Кина дека нивната земја никогаш не била во полоша ситуација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ на состанокот со кинескиот амбасадор Ли Манчанг му рекоа да ги пренесе на кинеското раководство последните случувања меѓу Србија и Косово.

„Србија никогаш не била во полоша ситуација, и покрај постојаните повици за мир и стабилност, заедно со нејзиниот сериозен и одговорен пристап кон решавањето на сите проблеми“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Косовската единица за регионална оперативна поддршка (ROSU) утринава уапси четворица Срби во врска со убиството на Оливер Ивановиќ.

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари оваа година пред седиштето на партијата „Слобода, демократија и правда“ (СДП) во Косовска Митровица. Во февруари беа уапсени двајца полициски службеници поврзани со истрагата.

„Укинувањето на единицата РОСУ во Северна Митровица покажа дека силите на КФОР или НАТО намерно ја измамиле општата јавност, а денес им е јасно на сите по чии наредби и во дослух со кои сили излажале претставниците на НАТО“, рече Вучиќ.

Ли рече дека кинескиот претседател Си Ѓипинг ќе биде информиран во врска со сето тоа и дека Србија може да смета на поддршката од Кина.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, но Белград инсистира дека „земјата е дел од Србија”. Оттогаш има тензии меѓу косовското албанско мнозинство и српското малцинство на северот на Косово.

Косово е признаено од страна на повеќе од 100 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Германија и Турција.

Србија, Русија и Кина се наоѓаат меѓу земјите кои сè уште ја немаат признаено независноста на Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This