Кинеските мeдиyми гo шoкиpaa cвeтoт: Koвид-19 нe из6yвнa вo Вyхaн, имaмe дokaзи зa тoa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година откако беа регистрирани првите случаи на коронавирус во кинескиот град Вухан, кинеските медиуми сè почесто пишуваат за фактот дека вирусот всушност не се појавил во таа земја. Државниот весник Народен дневник, како што пренесува Гардијан, пишува дека сите докази сугерираат дека вирусот не се појавил во Вухан.

Поранешниот главен епидемиолог Зенг Гуанг исто така вели дека Вухан е местото каде што е откриен за прв пат вирусот, но не и местото каде што избувнал вирусот.

Министрите во кинеската влада изнесоа слични тези. Аналитичарите проценуваат дека е многу важно за Пекинг да ги намали негативните последици за Кина како земја во која се појави пандемија што влијае на целиот свет.

Кинеските медиуми се концентрираат на можни случаи на инфекција надвор од границите на Кина пред декември 2019 година.

Кинески научници испратиле студија до престижното научно списание „Лансет“ во кое се тврди дека првата инфекција со коронавирус избувнала не во Вухан, туку на индискиот потконтинент.

Кинеските научници и медиумите се обидуваат да го заштитат угледот на земјата, оштетен од пандемијата која зарази 60 милиони луѓе ширум светот и резултираше со скоро 1,5 милиони смртни случаи.

Пекинг претходно се обиде да обезбеди и медицинска помош на други земји. Но, официјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) Мајкл Рајан тврди дека е многу шпекулативно да се тврди дека вирусот потекнува надвор од Кина.

Од позиција на јавно здравство е јасно дека истрагата започнува таму каде што се забележани првите случаи, ги пренува Гардијан неговите зборови и тврдењата на други експерти, како британскиот вирусолог Џонатан Стоје, дека вирусот најверојатно избувнал во Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This