Кинe3и тестираат вakцина за ,,продолжување на животот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинески научници тестираат нова алатка (вакцина) за деактивирање на генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на клетките. Инекцијата развиена од кинески научници го забавува стареењето на клетките ….
Оваа јод студија од страна на научник од Кина е детално опишана во списанието „Science translational medicina“

Иако спроведоа експерименти врз глувци во лабораторија, тие веруваат дека нивните откритија може еден ден да придонесат за слични третмани и за луѓе.

Специфичната терапија што ја користеле врз глувците била прва во светот, а резултатите покажале дека животот на глувците бил продолжен во просек за 25 проценти. Тим биолози користеа „алатка за уредување геном“ наречена CRISPR-Cas9, која се користи за прецизно уредување на ДНК.

И покрај фактот дека група на гени поврзани со стареењето досега им се познати на научниците, идентитетот и улогата на дополнителни гени вклучени во регулирањето на стареењето кај луѓето сè уште не се целосно објаснети.

Истражувачите идентификувале 100 гени кои влијаат на стареењето од околу 10 000, а КАТ7 беше најсилниот што придонесе за стареење на клетките.

Истражувачите го деактивирале КАТ7 во црниот дроб на глувци со интравенска инекција, а резултатите сугерираат дека ваквата генска терапија, заснована на деактивирање на еден ген, може да биде доволна за да се продолжи животниот век на глувците. Наспроти ова, анализата открива дека стимулацијата на активноста на КАТ7 го забрзува процесот на стареење на клетките.

„Само што ја тестиравме функцијата на гени во различни типови клетки, кај човечки матични клетки, во човечки клетки на црн дроб и клетки на црн дроб на глувче и за сите овие клетки не забележавме токсичност на клетките и не забележавме токсичност или несакани ефекти од терапијата“, рече професорот Ку Жинг од Кинеската академија на науките.

И покрај тоа, методот е далеку од подготвен за тестирање на луѓе во блиска иднина, смета професорот Ку и додава дека се неопходни подетални анализи на животни, а потоа се надева и на примати.

„На крајот, се надеваме дека во иднина ќе најдеме начин да го одложиме стареењето на луѓето барем за одреден процент“, заклучи професорот Ку.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This