April 27, 2024, 12:44 am

КИРАЦОВСКИ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Секој да биде повикан на распит од кого е објавена фотографија со оcомничените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Кирацовски, пратеникот на СДСМ, го повика обвинителството, кое води истрага за случајот „Рекет“, да го повика секој на распит од кого е објавена фотографија со одомничените во овој случај.

„Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно.

Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.

Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите.

Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This