Академик Коцарев добитник на наградата „Св. Климент Охридски“ – Патрон на градот Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, на својот фејсбук профил објави дека академикот Љупчо Коцарев е добитник на наградата „Св. Климент Охридски“. Неговата објава ја пренесуваме во целост:

„Охрид за нас и за Светот е посебен не само заради своите уникатни, природни и културни вредности, туку и заради многумината исклучителни поединци кои со своите корени се цврсто поврзани со Охрид, но плодовите на својата животна мисија им ги подариле на целиот Свет и на генерациите кои доаѓаат по нив.

Љупчо Коцарев е авангардна личност, освен тоа е и нашиот најпознат и најпризнаен интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници, човек кој многу одамна застанал во одбраната на интересите на Македонија. Неговиот импозантен лик и дело нѐ прават среќни и горди сите нас. Академик Љупчо Коцарев е по потекло од Охрид. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Неговата богата наставно-научна дејност почнува на Електротехничкиот факултет во Скопје, продолжува на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего- САД, а студиски престои остварува во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија. Неговите публикации се цитирани илјадниципати исто како и преземањата на текстовите од книгите кои ги едитирал. Научниот интерес е широк во областите на физиката, техничките и компјутерските науки. Фасцинира бројот на публикации објавени во часописи со фактор на влијание, во зборници на рецензирани трудови. Едитор е на шест книги и автор на шест патенти одобрени во САД и Европа.

Академик Коцарев е редовен член на МАНУ од 2007, а во ноември 2019 година е избран за претседател на МАНУ. Најдобра илустрација за неговата важност во Светот на науката е што престижниот Универзитет Стенфорд го ставил на листата на најдобри топ научници на сите времиња од сите области.“ – Напиша Пецаков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This