КИРО ДАНДАРО ПО 13 ПАТ ЌЕ ГИ ПЕЧАТИ ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА: Печатницата под cилнo пoлициckо oбeзбедyвањe започна да го изработува гласачкиот материјал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битолската печатница “Киро Дандаро“ под cилнo пoлициckо oбeзбедyвање, по тринаесетти пат, и за овие избори започна да го изработува суштинскиот и неcyштинскиот гласачки материјал. Синоќа, претставниците на Државната изборна комисија беа во Битола и го одобрија печатењето на гласачките ливчиња и другите гласачки материјали за претседателските избори, но и за изборот на градоначалници во Охрид, Дебар и Ново село. Заштитата на гласачките ливчиња ќе биде изработена со 20 заштитини кодови и нумерација според светска технологија и меѓународно искуство, во кое, битолските печатари изработуваат заштитни хартии за матична евиденција и лекови за Косово, а се сертифицирани и за “Пепси“ и “Кока кола“.

– Сношти беше, скоор во целосен состав, Државната изборна комисија, ги одобри ливчињата и започнавме со работа. Во текот на денешниот ден ќе започнеме со нумерација и средување на сите гласачки материјали, како би стасале до бараниот рок во наредниот четврток, за испорака до сите изборни комисии – рече Драги Милошевски, директор на битолската печатница “Киро Дандаро“.

Посебни технички услови за гласање ќе бидат овозможени и за лицата со посбни потреби во колички на секое избирачко место и веќе се во подготовка, а за слепите лица ќе бидат изработени специјални шаблони со браево писмо.

– Имаме направено , колку што има избирачки места, околу три и пол илјади шаблони за гласање на лица со оштетен вид со браево писмо, а таков шаблон ќе има на секое избирачко место – рече Милошевски.

За претседателските избори ќе бидат напечатени вкупно 1.808.131 гласачко ливче според Избирачкиот список и заедно со останатиот избирачки материјал ќе бидат подигнати од претставниците на општинските изборни комисии во четврток на 18 април, а ден претходно за дијаспората. Ден пред закажаните избори за 21 април, во сабота ќе гласаат 1.640 затвореници, седум расселени лица и 71 лице во старски домови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This