КИСИНЏЕР ПPEДУПPEДУBA: Трговскиот cyдир помеѓу Кина и САД може да прерасне во вoopyжен cyдир на ниво на Cвeтcka вojнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-американскиот државен секретар Хенри Кисинџер предупрдува дека трговската војна помеѓу САД и Кина може да доведе во вооружен судир, пишува „Дејли Мејл“.

Настапувајќи на економскиот форум на „Блумберг“ во Пекинг, Кисинер рекол дека Вашингтони Пекинг и понатаму се наоѓаат на прагот на „студена војна“, која е сепак, можно да се спречи.

Кисинџер, кој е познат по тоа што воспостави односи со Кина во текот на мандатот на Ричард Никсон, смета дека е посебно важно по „периодот на релативна напнатост во односите да следи и искрен обид да се разберат политичките причини кои ги предизвикуваат тензиите“.

„Ако конфликтот никој не се обиде да го спречи, неговиот исход би можел да биде полош и од оној во Европа. Првата светска војна започна поради релативно мала криза, а денес оружјето е многу помоќно“, додава екс-државниот секретар на САД.

Напнатоста на дипоматско ниво достигна високо ниво. Пекинг го критикува Вашингтон поради воено-морнаричка операција во спорното Јужно кинеско море, како и поради поддршката која Конгресот на САД ја пружа на демонстрантите во Хонконг, додека САД ја критикуваат Кина поради масовните апсења на Ујгурите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This